Skip to main content

Дупло се зголеми висината на средствата во општинската каса

Од сега, дупла дневна доза средства на располагање во општинската каса. Касовиот максимум на општина Охрид изнесува 30 000 денари, поточно висината на средствата која охридските локалци можат да ја искористат за гориво во службените возила, дневници, патувања и други дневни расходи се зголемува за 100%.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica1
седница1

Damoska30 000 денари дневно на располагање на општина Охрид. Оваа предлог одлука изгласана од мнозинството на Советот, помина на денешната 58 седница. Зголемување на касовиот максимум за 100% неприфатливо е од два аспекти, реагираше Јованка Дамоска Секулоска од ВМРО – ДПМНЕ.

„Нашите забелешки се однесуваат на дуплото зголемување на обемот на готовина од 15 на 30 000 денари и во однос на тајмингот кога се врши тоа зголемување на масата на пари затоа што сметаме дека Локалните самоуправи тоа го вршат пред почетоткот на буџетската година, во овој случај тоа може да се злоупотреби во предизборни цели за одредени трансфери на пари од касата на локалната самоуправа и од тој аспект сметаме деками во однос на тајмингои и количество на пари локалната самоуправа нема толкави големи потреби за пари во споредба со другите општина на Р. Македонија“ – вели Секулоска.

petreskiГрадоначалнкот Александар Петрески пак, смета дека нема ништо спорно во врска со тајмингот на донесување на оваа предлог одлука, додека пак околу висината на максимумот смета дека не мора да значи дека во текот на денот ќе се потроши истиот.

„Во однсос на висината мислам дека онаму каде што спомнувате во други општини или во други организации и служби под државна капа сигурно, овде она што е во денари таму е во евра. Од тие причини ние го утврдуваме максимумот“-нагласи Петрески.

Касовиот максимум го определува максималниот износ на готовина што може да ја има касата на Локалната самоуправа на дневна основа. Тие средства се парите кои се исплатуваат од касата на Локалната за дневни тековни расходи, како што се дневници, патувања, гориво во службените возила и.т.н.

{loadposition contenet9}