Skip to main content

25 загинати и стотина мртви во експлозијата во Мексико

Најмалку 25 лица загинаа и 101 се повреедени  во вчерашната експлозија во седиштето на мексиканската државна нафтена компанија „Петролеос Мехиканос“.

 |  Голабовски Крсте  | 
eksplozija Meksiko
експлозија Мексико

Најмалку 25 лица загинаа и 101 се повреедени  во вчерашната експлозија во седиштето на мексиканската државна нафтена компанија „Петролеос Мехиканос“ („Пемекс“) во главниот град Мексико, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на властите.
Министерот за внатрешни работи Мигел Анхел Осорио Чонг на прес конференција соопшти дека е потврдена смртта на 17 жени и 8 мажи.
Причината за експлозијата се уште не е утврдена.

eksplozija MeksikoЕксплозијата се случила на еден од пониските катови од административна зграда во непосредна близина на 51-катната кула на „Пемекс“.
Според експерти, можно е во моментот на експлозијата во седиштето на компанијата да имало над 3.500 лица. Многу вработени не биле внатре бидејќи експлозијата се случила во време на одморот за ручек.
Спасувачките работи се прекратени заради необјавени причини.

{loadposition content9}