новите вработувања,трн во око
Новите вработувања во Јавните претпријатија во градов како и во Општинската администрација, ја разбрануваа охридската јавност. Од општинската ВМРО ДПМНЕ во неколку наврати обвинуваа дека нема никаква економска оправданост за истите. Градоначалникот пак, ги отфрла обвинувањата за партиски вработувања во пресрет на изборите.
Деновиве дел од граѓаните, а и општинската ВМРО ДПМНЕ се погласно реагираат на најновите вработувања во Јавните претпријатија во градов како и во Општинската администрација. Тие велат дека ова е само уште еден начин за добивање гласови на Локалните избори кои се наближуваат. Додаваат дека воопшто нема потреба од нов кадар бидејќи и онака состојбата во јавните претпријатија финансиски е тешка. Градоначалникот Александар Петрески со свое објаснување по ова прашање.
Најновите случаи на вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија не се поради изборите, туку станува збор за лица кои неколку години доаѓаат на работа и сега поради завршување на процедурите, треба да им се дадат решенија за вработување, изјави градоначалникот.
– Ако премиерот може лично околу себе да има 300 луѓе со договор на дело, ако владата и министерствата имаат неколку илјади луѓе кои земаат плата, а не одат на работа тогаш може и овде да се вработуваат луѓе, вели Петрески.
Петрески додава дека тие овој процес го започнале уште пред две години, но поради опструкциите на власта не можеле да го завршат. Тој додава дека новите вработувања кои се актуелни во моментов требало да се реализираат уште пред 6 месеци.
{loadposition content9}