Skip to main content

Да има што повеќе жени во политиката

Женските невладини организации бараат во планот и програмите на политичките партии да се вклучи и родовата еднаквост и да се зголеми бројот на жените во политиката. Во овој мандат на ниво на цела држава немаме ниту една жена градоначалник.

 |  Јаковлева Лионела  | 
agencija
агенција

 Да се зголеми бројот на жените во политиката. Ова е заложба на Советот на жени за родова еднаквост, македонското женско лоби и невладината организација „Антико“. Тие сметаат дека и сегашната законска бројка од 30% е мала за да може реално да се зајакне влијанието на жената врз политичките случувања во државава. Од друга старана пак и оние жени кои се инволвирани во политиката многу малку придонеле за подобрување на состојбата на ранливите категории. Ова е уште поевидентно на локално ниво, вели Наде Мартиноска од женскиот центар „Бисера“.nevladini organizacii

Во Советот на општина Охрид има седум жени. Како бројка тоа можеби и не е за занемарување, додава Мартиновска, но резултатите од нивното делување посебно во делот на сервисните услуги како на пример отварање градинки кои ќе работат во две смени и др. со што ќе им се овозможи на жените да го усогласат својот работен и домашен ангажман, многу малку е направено, додава таа. Во овој мандат на ниво на цела држава немаме ниту една жена градоначалник, вели Благородна Шопова од Националнио совет за родова равноправност.

Женските невладини организации бараат во планот и програмите на политичките партии да се вклучи и родовата еднаквост. Од таму велат дека Локалните самоуправи повеќе размислуваат за решавање на инфраструктурните проблеми отколку на изнаоѓање нови модели како да се олесни животот наедна жена која има повеќе улоги во својот живот како што се мајка, професионалец, домаќинка и тн.

На оваа тема денес се разговараше во Охрид во рамките на активностите „Зајакнување на жените и подршка на родовите перспективи на локалните избори 2013“ подржана од фондацијата Конрад Аденауер, Националниот совет за родова рамноправност, Македонското женско лоби и „Антико“.

{loadposition content9}