Skip to main content

Време е за ново поглавје за Охрид, порача д-р Бакрачески

Програма за развој на Охрид,  пласира пред сограѓаните кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, д-р Никола Бакрачески. 

 |  Валентина Неловска  | 
Бакрачески
Бакрачески

Програмата за развој на Охрид,  ја пласира пред сограѓаните кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, д-р Никола Бакрачески.  На одржаната конвенција на Вмро Дпмне, на која беше преставен како  кандидат за прв човек на Охрид, Бакрачески ја претстави програмата за која рече дека во неа може да се пронајде секој охриѓанец. Понуди, како што рече прецизна и јасно дефинирана, најсериозна и најобемна прогама во која се вклучени мислења од експерти и еминентни луѓе. Пред своите сопартијци ги образложи  стратешките цели за економски, културен, туристички и спортски развој на градот.

Бакрачески„ Пред нас стои предизвик и одговорност. Период на промени за нашиот град. Решени сме да го воскреснеме Охрид, да се вложиме во Охрид и убеден сум дека тоа го сакаат охриѓани. Ако сакаат нов тип на лидерство време е да  свртите нова страница“, повика Бакрачески.

Д-р Бакрачекси порача дека негова прва и основна задача ќе биде градење на цврст тим од чесни и професионални луѓе. Тим од луѓе кои  ќе бидат спој на знаење и искуство, кои ќе знаат да одредат приоритети и да ги подредат нив по важност.

„ Луѓе кои знаат да постават цели, цврсто, безкомпромисно и пожртвувано да се водат кон патот на нивната реализација. Одчетноста ќе е постулат од кој нема да одстапам, а место за нечесни луѓе, аматери, незнајковци и плачковци нема да има“, кажа Бакрачески.

МихаиловНа конвенцијата пред сопартијците се обрати и претседателот на ОК на Вмро Дпмне, д-р Атанаско Михаилов. Охрид со векови бил светлина  за цела Југоисточна Европа и наша задача е да го вратиме неговиот полн сјај, кажа Михаилов. Затоа на чело на Охрид ќе доведеме чесни луѓе со европски и светски видици, кои не се корумпирани и кои засекогаш ќе останат имуни на среброљубието. Михаилов ги повика своите сопартијци од Вмро Дпмне  да бидат целосно посветени за успехот на престојните локални избори.

На Конвенцијата беше присутна  делегација на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од министерот за информатичко општество Иво Ивановски, како и претставници на раководството од Општинскиот комитет, членството и симпатизери на партијата.

{loadposition content9}