Skip to main content

Индиските милијардери на удар на финансиската криза

Финансиската криза во светот удри и по џебот на најбогатите луѓе во Индија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mital
Митал
Финансиската криза во светот удри и по џебот на најбогатите луѓе во Индија.

Вкупно 40 индиски милијардери, меѓу кои се и некои од најбогатите луѓе на светот, во финансиската криза загубија заедно 60 насто од имотот.

Пазарите на хартии од вредност во изминатите 12 месеци загубија 48 проценти, а индиската рупија во однос на доларот се намали за 24 насто, што предизвика намалување на имотот на најбогатите за 60 проценти, пишува магазинот Форбс.

Според истиот извор имотот на индиските милијардери се намалил од 351 милијарда долари на 139.

Mukesh AmbaniНајбогат Индиец и натаму е Мукеш Амбани со имот од 20,8 милијарди долари, иако досега загуби 28,2 милијарди долари.

Од друга страна, според податоците на Светската банка во Индија живеат околу 620 милиони луѓе со помалку од два долари на ден.

 

 

{loadposition content9}