Сето ѓубре на Севиља
Севиља, архитектонскиот бисер на Шпанија, е преплавена со 5.000 тони смет.
Севиља, архитектонскиот бисер на Шпанија, е преплавена со 5.000 тони смет кој на улиците се натрупува од минатата недела поради штрајк на вработените во комуналните служби кои се противат на намалување на платите.
Големиот број пластични кеси со смет достигнале висина од два метри, а големи сандаци и картонски кутии преполни со различен смет се насекаде низ улиците на главниот град на Андалузија со 700.000 жители, во јужниот дел на Шпанија, а на некои места дури и е нарушен сообраќајот.
Тој штрајк, еден од многуте кои ги илустрираат финансиските потешкотии на градовите во Шпанија, почнал на 27-ми јануари, поради спор на раководството и и вработените во општинските претпријатија за собирање на сметот.
“Имаме среќа тоа што е студено. Миризбата е неподнослива. Засега проблем е тоа што сликата на градот е лоша. Но, доколку времето се затопли, ќе се случи вистински пекол“, рекол Франсиско Веласко, претседател на Сојузот за здруженија на жители на Севиља.
{loadposition content9}