Навистина блиска средба
Астероид кон средината на овој месец ќе мине блиску до Земјата.
Астероид со дијаметар од 45 метри и со кодирано име 2012ДА14 ќе мине ноќта на 15 наспроти 16 февруари во близина на Земјата, на најмало растојание од нашата планета во историјата на набљудување на движењето на небесните тела, соопшти Јапонската национална опсерваторија.
Опасност од судир со Земјата, сепaк нема.
2012ДА14 е со маса од околу 130.000 тони и се движи со брзина од 8 километри во секунда. Најблиску до земјата тој ќе биде на 15 февруари над Индискиот Океан, кога ќе биде на само 27,7 илјади километри од Земјата. Тоа е речиси 14 пати помалку од растојанието на кое се наоѓа Месечината.
Блиската средба со астероидот ќе може да се види само со помош на телескоп.
Според астрономите во реонот на Земјата има околу 500.000 такви мали објекти. Многу голем дел од нив се уште не се документирани.
Небесни тела со таков размер се приближуваат на Земјата на секои 40 години. Судирите се можни многу ретко, еднаш на 1.200 години.
{loadposition content9}