Skip to main content

Зоран Стевоски носител на независна советничка листа


Уште една независна советничка листа, составена од млади луѓе интелектуалци, студенти. 

 |  Маленкова Татјана  | 
nezavisna lista Zoran Stevoski
независна листа Зоран Стевоски

Оваа листа која според носителот ќе му ја врати душата на Охрид е составена е од млади луѓе, интелектуалци, работници, студенти, како и преставници од етнички заедници кои живеат во Охрид.
„Граѓаните ќе ја препознаат вистинската листа и левичарската нитка ќе препознаат дека ние излегуваме, аZoran Stevoski не ги бојкотираме изборите. Ние сакаме и ќе направиме низа проекти кои ќе му го вратат сјајот и блесокот на Охрид“, вели носителот на листата Стевоски.
Денешната пресс конференција Стевоски ја одржа пред некогашното седиште на СДСМ. На новинарско прашање зошто токму тука за прв пат се презентира независната листа, тој вели: „Симболиката што пресот е токму овде, е тоа што од овде започнаа корените на денократијата. Во оваа земја нема ни С од социјал демократија, ни С од солидарност, ни Д  од демократија“.  

„Приоритено во овој момент е да ја вратиме душата на Охрид која одамна ја има изгубано. Приоритетно за нас во овој момент ќе биде да им ја вратиме надежта на луѓето. Приритет ќе ни биде да го вратиме спортот, онаму каде што му беше местото пред десеттина години. Ппризнава дека тој беше еден од оснивачите на ОО на СДСМ и додава дека се надева дека оваа партија ќе смогне сили да излези на избори затоа што власта се добива на избори, а не на улица и со бојкот.

Zoran Stevoski„Во овој  момент ние одиме до крај. Се надевем дека оваа листа ќе има најмногу советници во градскиот совет. Во овој момент веќе доставена е листата во општина Охрид и голем број подржувачи веќе масовно потпишуваат и ни ја даваат подршката се надевем дека до крајот на денов ќе ги соберема потребните 350 потписи кои ќе бидат доволни за поднесување на листата“, истакна Стевоски.

Стевоски признава дека нивната независна листа е составена од голем број членови на СДСМ кои сакаат да му помогнат на Охрид, и да го вратат на она место што го заслужува во спортот, во културата, архитектурата и сите свери на живеење.
На прашањето дали Стевоски очекува исклучување од страна на СДСМ, тој вели дека оваа партија си има свој статут, свои правила, и додава дека се што ќе одлучат во Општинската организација, тој ќе прифати. „Сеуште не сум исклучен од партијата, а дали ќе ме исклучат тоа е нивен  став и нивна одлука“, додава Стевоски.

Стевоски ги демантираше Шпекулациите дека зад одлуката тој да офрорми независна листа, стои ВМРО ДПМНЕ  и додаде дека нивната идеја е левичарска и нема никаква допирна идеја со ВМРО ДПМНЕ. Приоритетно ќе биде Охрид да го направиме безбеден град, бидејќи гледате дека во Овој момент силеџиите станаа хериои, а насилството стана занимање. Имаме тоталана ерозија на моралот во Овој град“, истакна носителот на независна советничката листа, Зоран Стевоски.

{loadposition content9}