Skip to main content

Северот на САД на удар на „историска бура“

Се очекува снежна покривка до половина метар која веројатно ќе предизвика огромни проблеми во густо населените области од Њујорк до Бостон.

 |  Голабовски Крсте  | 
NY
ЊЈ

Се очекува снежна покривка до половина метар која веројатно ќе предизвика огромни проблеми во густо населените области од Њујорк до Бостон.

NYБурата која веќе ја нарекуваат „историска“ на американските градови ќе им донесе снег, силен ветер и голомразица.
Заради претпазливост откажани се повеќе од 2.600 летови што ќе влијае на авионскиот сообраќај низ земјите. Исто така нема да работат  училиштата во Бостон, Провиденс и Род Ајленд.

Граѓаните собираат залихи од храна и други потребни работи.  Тие се плашат дека ќе дојде до прекин на електричната енергија и дека ќе се поплави брегот кој се‘ уште не е опоравен од  ураганот „Сенди“ кој се случи во октомври минатата година.
Екипите за работа на патот, во пресрет на бурата веќе ги прекриваат улиците со песок.

Снегот кој се очекува ова утро, ќе биде најинтензивен во текот на вечерта и утрешниот ден, а ветерот ќе достигне брзина како на ураган, односно до 105 километри на час.Мајкл Блумберг, градоначалникот на Њујорк вели дека во употреба се ставени многу машини за чистење снег и 250.00 тони сол.

– Се надевам дека не претераа со прогнозите за висината на снегот. Сепак никогаш не можете да знаете како ќе биде – вели тој во врска со предвидувањата за невремето.

Предупредувања за снежна бура се дадени и во Њу Џерси, Лонг Ајленд , Масачусетс, Род Ајленд, Конектикат, Мејн и Њу Хемпшир.

{loadposition content9}