Египќаните да излезат на Локални избори повикуваат од Сојузот на египќани
Лидерите од овој сојуз им порачуваат на припадниците од нивната етничка заедница да го искористат своето уставно право на глас.
Масовно излегување на престојните локални избори повикуваат од Сојузот на египќани. Лидерите од овој сојуз им порачуваат на припадниците од нивната етничка заедница да го искористат своето уставно право на глас.
„ Во никој случај немаме право да го контролираме мојот народ како ќе се постават и за кого ќе го дадат својот глас. Важно е мојот народ да добие право на безбедно гласање и со добра волја“, кажува Хусеин.
Од Сојузот на египќани од следната недела информираат за средба со високи преставници на ОБСЕ. Потенцираат дека на средбата ќе ги запознаат со проблемите кои ги имаат египќаните во Охрид. Најавуваат кривична одговорност за оние кои ќе применат политички притисоци врз египќаните.
„ Ги охрабруваме египќаните кои имаат проблеми на работните места и притисоци да ги пријават. За сите оние кои ќе применат таков начин на дејствување ќе бидат кривично гонети“, потенцира Далип.
Неодамна, двајцата предводници на Сојузот на египќаните, Петрит Хусеин носител на независна советничка листа и Демир Далип независен кандидат за градоначалник, ги повлекоа кандидатурите, поради, како што кажаа, закани и притисоци кон нив и нивните семејства. Како што информираат, за овие притисоци одлучиле да не поднесат кривични пријави за сторителите.
{loadposition content9}