Skip to main content

Не е лесно да се биде Папа

Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе се повлече од функцијата на 28 февруари, потврди денеска (11.02) портпарол на Ватикан.

papa benedikt
папа бенедикт

Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе се повлече од функцијата на 28 февруари, потврди денеска (11.02) портпарол на Ватикан.
 
papa benediktЈозеф Рацингер својата одлука ја соопштил на Конзисториум (собрание на папата и кардиналите н.з.) вo Рим и тоа на латински јазик, што е невообичаено. „Папата најави дека ќе се повлече од функцијата на 28 февруари во 20 часот“, соопшти портпарол на Ватикан.
Обраќањето на папата пред кардиналите го пренесе агенцијата КНА. Во него Бенедикт Шеснаесетти, меѓу другото, вели: „Откако повеќепати ја преиспитував својата совест пред Господа, дојдов до сознание дека мојата сила, со оглед на староста која настапува, не е доволна за да ја извршувам должноста соодветно.“

Папата им се заблагодари на собраните на Конзисториумот од „се‘срце“ за „сета љубов и работа“ со која тие заедно со него го носеле товарот на функцијата и замоли за прошка за сите негови „грешки“.
Бенедикт Шеснаесетти е на чело на Римокатоличката црква од април 2005 година. Тој го наследи починатиот Јован Павле Втори. Бенедикт во меѓувреме има полни 85 години. Ова е првпат ос векови еден папа да се повлекува од функцијата.

{loadposition content9}