Промовирана книгата „Кохезија, Колизија на Човековата Визија“
„Кохезија, Колизија на Човековата Визија“, првата книга од новинарот Маја Мојсова го виде светлото на денот.
Книгата претставува избор на стихови од страна на авторот од целокупното лично творештво. Поезијата е пишувана на македонски и англиски јазик.
„Јас творам од својата шеста, седма година, а досега не сум имала можност ништо да издадам, па поради тоа сепак благодарност до оние кои ми излегоа во пресрет како издавач националната установа библиотеката Григор Прчичев, спонзорот Супер радио , печатницата Летра и промоторите односно лекторите Тоде Илиевски и Лилјана Мартинова. Моето творештво е обемно опфаќа поезија и проза. Буквално се пронаоѓам во сите литературно жанрови единствено драма што не пишувам друго се пишувам“, вели авторот Маја Мојсова.
Мојсова преку ТВМ се обрати до сите почитувачи на уметноста и литературата и како што кажа, живееме во време кога уметниците, творците и двигателите на новините во општеството се наоѓаат пред дилема и се поставени пред предизвик само да ги вршат работите поврзани со издавачката дејност, што всушност не е нивна мисија. Ова е вовед и апел до сите институции кои работат на полето на уметноста и културата, вели Мојсова и додава дека сите тие треба малку повеќе да се заложат, затоа што секој кој твори во било која уметничка гранка, треба да добие шанса, пред се да се покаже, а потоа времето ќе каже дали она што тој го твори е вредно за општеството, а не да се прави селекција пред време и пред да се даде шанса на младите автори.
„Творењето претстеавува моја најголема љубов, животна преокупација. Литературата и творењето е тоа што буквално ме води во секој чекор од мојот живот. Би сакала следната книга да ми биде збирка раскази или можеби еден од двата романи кои чекаат да бидат издадени. Обично во разговори кои ги имам со луѓе кои пишуваат поголемиот број критичари ги делат литературните творци на две категории оние кои творат малку, но кавлитетно и оние кои творат незауздано со послаб квалитет“, додава Мојсова.
Мојсова вели дека творештвото кај неа доаѓа од моментот, од мигот, а тоа не е инспирација туку илуминација. „Во одредени денови се случува да напишам и по шеесетина страници, без разлика дали проза или поезија, а се случува како 2009 год кога немав напишано буквално ништо“, искрено раскажува Мојсова.
5 примероци од книгата ќе бидат донирани во градската библиотека, а Мојсова вели дека се надева дека книгата за скоро време ќе се најде и во продажба.
Авторката Мојсова зад себе има полни осумнаесет години активно творештво. Пишува поезија и проза, а претходно има и неколку години детско творештво.
{loadposition content9}