Skip to main content

Неправдите врз жените да запрат

Заштита на жената во сите сфери на животот, како мајка, домаќинка и стопанственик. Кон ова се стремат од „Езерка“, кои денес одржаа трибина, со цел на жените од Струга да им го приближат концептот и реализација на иницијативата „Женски суд“, поточно ширење на свеста за родовиот аспект на транзициската правда во Македонија, како и зачувување на мирот и безбедноста на балканските простори.

 |  Николоска Биљана  | 
tribina zeni
трибина жени

zeni strugaДенес, во организација на Националниот Совет за родова рамноправност и Невладината отганизација „Езерка“, во Струга се оддржа трибина, поточно промоција на концептот феминистичка правда, односно родов концепт и справување со неправдите и дискриминацијата направени во транзициониот период, почнувајќи од деведесеттите до сега. Светлана Јанева од Националниот совет за родова еднаквост истакна дека време е да запрат неправдите кои се вршат врз жената. Додаде дека со реализација на иницијативата на Женскиот суд ќе се отвори простор каде ќе можат жените јавно да сведочат за родово насилство.

„Поентата на денешната работилница е промоција на активизам и вклучување на секој поединец во справување со проблемите пред се кој што го засегаат секој граѓанин, меѓутоа ние повеќе сме свесни дека одредени стекнати права на жената наместо да се унапредуваат се скратуваат. Тоа е едне сигнал кој ни дава насока посебно ние како жени не треба да останеме неми посматрачи туку треба да се ангажираме активистички и да ги поддржиме секаквите концепти кои ја гарантираат родовата рамноправност“– нагласи Јанева.

„Улогата на Невладината организација „Езерка“, во рамките на денешната трибина е посебно акцентирана на заштита на жената како личност“, вели Драгица Павлеска Попска. Таа посебно истакна дека како невладин сектор се стремат за тоа, кон жената да се има поголема почит, а се противат на насилството, дискриминацијата и мобингот врз жените.

zeni struga„Нема некој кој што ова ќе го одобри од женскиот пол а мислам дека и појакиот пол ова ќе го одобри а ние како организација за еднакви можности денес сме посебно револтирани прво за злоупотреба на Фејсбук посебно за нападот на новинарка, која што како новинар има за цел точно да ја пренесе вистината, а она што го видовме и слушнавме од директор раководител на една фирма не држи никакво место“– потенцира Попеска.

Попеска нагласи дека како здружение стојат позади сите успешни жени и се борат на зајакнување на социо-економската состојба на жените бидејќи жената е важен фактор во современото живеење. Исто така рече дека Езерка ги поддржува залагањата на министерот за труд и социјална политика Спире Ристески за заштита на жените на сите видови насилство, дискриминација и вознемирување. Учесничките на трибината низ дискусии разменаа ставови, мислења, како и искуства за изнаоѓање начини за елеминирање на неправдите врз жената кај нас. Исто така во рамките на денешната трибина беше прикажан и филмот „Женскиот суд – феминистички пристап кон правдата“ преку кој учесниците можеа да слушнат за неправдите на жената низ целиот свет предизвикани од воени, религиозни и традиционални причини.

{loadposition content9}