Skip to main content

E ова е банка

Петер Брејтер (41) е еден необичен банкар и за него не се важни големите бонуси, комплицираните финансиски инструменти и мултимилионските понуди.

Peter Brejter
Питер Брејтер

Петер Брејтер (41) е еден необичен банкар и за него не се важни големите бонуси, комплицираните финансиски инструменти и мултимилионските понуди.

Тој е среќен бидејќи како единствен вработен во мала банка, ги обавува трансакциите за 500-те жители на малото германско село Гамешфед.”Raiffeisen Gammesfeld eG” кооперативната банка во јужна Германија е една од 10-те најмали банки во земјата, гледајќи според депозитите, и единствена банка која има само еден вработен. Покрај тоа, банката важи и за најмала банка во светот.Сепак, банките како оваа не се реткост во малите германски заедници и тие нудат ограничени кредити на локалните корисници. Иако бројот на ваквите мали банки значително се има намалено во последните 40 години, и денес постојат околу 1,000 во Германија.
Тие им овозможуваат на жителите да ги обавуваат своите секојдневни трансакции и да подигнуваат кредити без многу мака. Секако, нивната предност е близината, а често не е потребна никаква реклама.
Брејтер вели дека оваа работа е многу забавна. Тој ги знае своите клиенти по име и редовно им нуди совети од финансиска природа.

Peter Brejter“Многу би помислиле дека оваа работа здосадува, меѓутоа тоа не ми се случило”, вели тој, пренесуваат агенциите.

“Средната класа е крвотокот на Германија, а тоа често се нашите клиенти”, велат економските експерти кои објаснуваат дека малите банки се многу корисни, но и профитабилни.

Брејтер додава дека економската криза направила малите банки преку ноќ да станат поинтересни и наведува дека му доаѓаат клиенти од целата земја.

“Знам дека една личност се јави пет пати и бараше 4 милиони евра кредит, но јас го одбив бидејќи не беше од Гамесфелд”, кажа Брајтер за “Reuters”.

Брајтер наведува дека неговата банка исто така настојува да и помогне на заедницата во која работи, а не само да извлече профит.
Жителите исто така се задоволни дека во своето родно место имаат банка и наведуваат дека тоа често им е од помош во кризните времиња.

{loadposition content9}