Започна исплатата на штетите од земјотресот во Дебрца
Започна исплатата на штетата предизвикана со земјотресот кој ја затресе Дебрца во 2012 год.
Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација.
Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето во висина од 24 милиони 493 630 денари. Од овие пари пак Владата одобрила 4 милиони 829 700 денари, пари кои семејставата ќе ги добиваат по категории.
Комплетната исплата треба да заврши до крајот на овој месец.
Земјотресот со јачина од 6 степени според Европската макросеизмичка скала , се случили на 7 ми јуни минатата година. Епицентарот на земјотресот беше во Илинска планина. Земјотресот предизвика материјална штета врз голем број семејни куќи, а ги исплаши и жителите од овој дел на Дебрца.
{loadposition content9}