Хју Џекмен во најновото продолжение на X-men
Со наближувањето на датумот на снимање на X-Men: Days of Future Past, дознаваме дека Хју Џекмен уште еднаш ќе бидел дел од екипата во улога на Волверин.
Со наближувањето на датумот на снимање на X-Men: Days of Future Past, дознаваме дека Хју Џекмен уште еднаш ќе бидел дел од екипата во улога на Волверин.
Во интервју за Hollywood Reporter, Џекмен вели:
„ Првпат слушнав за проектот некаде во Октомври. Завршував со снимањето на Wolverine, веќе сонував лазања и околу три недели пред крајот, ме побараа за улогата. Не постоеше начин да одбијам и да не бидам дел од екипата“.
Исто така, додаде дека сеуште го нема прочитано завршеното сценарио и сега за сега има видено само синопсис од околу осум страни.
Инаку X-Men: Days of Future Past започнува со снимање во средината на април во Монтреал, а премиерата е планирана за 18-ти јули, следната година, додека The Wolverine ќе се појави во кино салите 26-ти јули, оваа година.
{loadposition content9}