Оштетената скулптура јагула повторно блесна
Кај Куба Либре повторно блесна репарирана и свежо бојадисана скулптурата јагула.
Кај Куба Либре повторно блесна репарирана и свежо бојадисана скулптурата јагула. Дрвената скулптура е санирана и вратена во првобитната положба, вели нејзиниот творец Сергеј Цингулоски. Најдолгата дрвена скулптура во светот со 172 метри должина прекрасно се вклопи во овој простор, задоволно вели Цингулоски. Уметникот за десетина дена и по кратко време од нејзиното оштетување од страна на непознати вандали, го обнови уметничкото дело кое го создаде пред само три години, а на овој простор поставено пред две години.
„Благодарност до Локалната самоуправа која брзо реагираше и ја финасираше поправката. Ова не е моја скулптрура јас ја подарив на градот. Сега треба еднаш во годината да ја одржуваат и премачкуваат и таа ќе трае
со години“, појаснува Цингулоски.
Сергеј Цингулоски, најавува нов проект. Овој пат има план да реализира подводна изложба на скулптура изработена од дрвото-даб како најтрајно дрво и светлечки ефекти. Но, наместо дома изложбата планира да ја реалиара во странство. Револтиран е затоа што
како уметник наивец нема поддршка од институциите, иако досега реализирал бројни самостојни и групни изложби на скулптури во неговата препознатлива техника во дрво.
„ Дефинитивно кренав раце од овде не можам да го реализирам проектот овде туку во странство. Министерството не ми дава статус на слободен уметник, во институциите не ме примаат како член па како да не постојам“.
Во Македонија нема Здружение на наивци иако најголемите твроци во земјава биле наивци, вели Цингулоски. Тој се прашува што повеќе и подобро создале уметниците со академија. За идната самостојна подводна изложба и неговиот уникатен проект, како што вели преговара со органаизтри од Црна Гора и Австралија. Со работа стартува веќе од септември, а реализација на проектот планира во 2015 година.
{loadposition content9}