Skip to main content

Борците не дозволуваат негирање на НОБ и државата

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца беше  дел од 34-те општински организации кои учествуваа на денешниот протест во Скопје.

 |  Валентина Неловска  | 
protesti
protesi

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца беше  дел од 34-те општински организации кои учествуваа на денешниот протест во Скопје. Протестот започна во 11 часот  во најдобар ред на плоштадот Македонија и заврши по еден час,  информира Гоце Георгиески претседател на сојузот на борци на Охрид и Дебрца. Во маршот учествуваа  околку 10.000 преживеани борци, продолжувачи на нивното дело и слободољубиви граѓани од сите верски конфесии, партии  и националност, кажува Георгиески. Во протесниот марш застанаа граѓаните  кои ги почитуваат традициите и придобивките од државотворната Народноослободителна и антифашистичка борба на Р. Македонија 1941 – 1945, рече за ТВМ, Георгиески.
borci Nob
„Застанаа во стројот на новиот февруарски марш за одбрана и зачувување на слободата и државата Македонија. Борците порачаа дека и натаму ќе опстојат и нема да дозволат да се негира и омаловажува НОБ и да се растури државата Република Македонија“.  

Претседателот на ОО на СБ на Охрид и Дебрца за   денешниот протест кажа дека има две цели. Едната  цел е чествување на 69-годишнината на Февруарскит поход во 1944 година. Тогашните успешни борбени операции од пошироки размери на Македонската партизанска војска познати како Февруарски поход имале големо политичко и воено значење за развојот на НОВ во Македонија.

borci Nob

По Пролетната офанзива во 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на Асном. Втората цел на денешниот протест е изразување на досегашниот недоличен и негаторски однос на актуелната власт кон НОБ и нејзините борци и организации на Сојузот на борци на Р. Македонија, напоменува Георгиески.  

„ Иако се борците исфрлени од своите простории и управниот одбор е на улица и покрај тоа сите одбележување и јубилеи во 2013 година ќе се одржат помасовно од досега.  Апелираат младите генерации да  се приклучат и да се омасови органзиацијата на Сојузот на борци на Македонија“.

Протестот на Сојузот на борци на РМ се одржа и покрај вчерашниот негативен одговор од Градот Скопје за негово одржување на плоштадот Македонија. Како што информира Георгиески, на днешниот протест, сепак се обратиле претседателот на Главниот одбор на СБ на Македонија, генерал-полковник Тодор Атанасовски, претседателот на градскиот одбор на СБ на Скопје, Проф. д-р  Трајко Стаматоски  и претседателот на општинската организација на Карпош, Наум Бурески.   

{loadposition content9}