Охридските групи и солисти утревечер ќе се промовираат пред својата публика
Охридските групи и солисти утревечер ќе се промовираат пред својата публика. Организаторот вели дека овој концерт за многумина ќе биде отскочна штица за да можат да продолжат по својот пат до успехот.
Млади охридски бендови и солисти утревечер ќе можат да се промовираат пред охридската публика. Четири групи и тоа: Ени рендом, Кј Данте, Ас би си, Уличен аспект и тројца солисти Елена Бујаровска, Теодора Настоска и Драга Ставреска, ќе можат да покажат што знаат и умеат секој во својата област. Концертот ќе биде колаж од различни музички правци како рок, рап, кои ќе се изведуваат акустично, а соло настапите ќе бидат на матрица. Ќе има и стенд ап комедија.
Ташко Лаброски, организаторот на концертот објаснува дека ова не е прв ваков обид да се испромовираат младите и надежни таленти од градов. Тој вели дека на секого му е потребна отскочна штица за да може да се пронајде каде навистина припаѓа и што најмногу му лежи во животот.
Концертот ќе се одржи утревечер од 19 часот во Центарот за култура Григор Прличев, а цената на билетот чини 70 ден. Со собраните пари ќе се надоместат трошоците околу овој настан. Инаку, организацијата на овај музички хепенинг ја потпомогнале Центарот за култура, Општина Охрид и неколку медиумски покровители.
{loadposition content9}