Skip to main content

Измина законскиот рок за поднесување на кандидатури


Четири кандидатури за градоначалници се поднесени во законски утврдениот рок, за Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
izbori
избори

До саботата на полноќ во Општинската изборна комисија во Охрид  кандидатури за градоначалник поднеле Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и 19-те партии, а кандидат за градоначалник е доктор Никола Бакрачески.  Кандидат за градоначалник од Социјалдемократската унија на Македонија е Васил Ристески, а од Социјалдемократската партија на Македонија за градоначалничкото место во општина Охрид ќе се бори Александар Митрески. Од Демократската партија на Албанците кандидат за градоначалник е Фетак Елмази.

Актуелниот градоначалник Александар Петрески како што во повеќе наврати најави дека нема да поднесе izboriкандидатура за градоначалник, затоа што како што кажа ја следи партиската одлука да не се учествува на изборите.

На 24-ти март, граѓаните ќе можат да гласаат и за една од вкупно 11 листи за членови на општинскиот совет.
Доктори, доктори на науки, професори, асистенти, бизнисмени. До саботата на полноќ во Општинската изборна комисија во Охрид  кандидатури за градоначалник поднеле Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и 19-те партии, а кандидат за градоначалник е доктор Никола Бакрачески.  Кандидат за градоначалник од Социјалдемократската унија на Македонија е Васил Ристески, а од Социјалдемократската партија на Македонија за градоначалничкото место во општина Охрид ќе се бори Александар Митрески. Од Демократската партија на Албанците кандидат за градоначалник е Фетак Елмази.

Актуелниот градоначалник Александар Петрески како што во повеќе наврати најави дека нема да поднесе кандидатура за градоначалник, затоа што како што кажа ја следи партиската одлука да не се учествува на изборите.

На 24-ти март, граѓаните ќе можат да гласаат и за една од вкупно 11 листи за членови на општинскиот совет.
Доктори, доктори на науки, професори, асистенти, бизнисмени, млади луѓе. Вака изгледа листата на ВМРО ДПМНЕ, на која очигледно се внимавало да има кандидати од Охрид, Велгошти, Лескоец, Лакочереј, Подмоље, Варош, Воска, Влашка мала, Пештани, Коњско…  Носител на Листата на ВМРО ДПМНЕ и колалиционите партии е д-р Јованка Точкова, доктор во општата болница, а додека се реновира, дел од тимот во Коснозглобна. Второто место на оваа листа е резервирано за актуелниот советник, Дејан Пановски.Третото место е за  претс.на УМС, Саше Донев, четвртото за бизнисменот Климент Шешо, петото за Илија Арнаудоски од  УМС од Велгошти, а шестото за докторката во Кардиолошкиот завод Гордана Коњаноска. Актуелната советничка Јованка Дамоска е на 13 место, а на 16 тото, професорот од ФТУ Цветко Андреески.  

Во соседна Струга пак,до општинската изворна комисија во Струга, кандидатури за градоначалник поднеле тројца кандидати. Кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалициските пертнери е д-р Владо Кочоски. Довербата на граѓаните од ДУИ ќе ја бара Арбен Лабеништа, а од ДПА кандидат за прв човек на  општината е д-р. Зијадин Села. До општинската изборна комисија поднесени се и пет листи за членови на општинскиот совет и тоа од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, НДП, како и една советничка листа од група избирачи.

{loadposition content9}