Skip to main content

Три дена Општа болница без струја

Општа болница Охрид, три дена, од 22 до 24ти  ќе биде на агрегати за струја.  Место за паника нема, смирува првиот човек на болницата Љубен Арнаудов. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија се должи на зафатите кои треба да се направат за монтирање на нова трафостаница, двојно помоќна и на неа да се приклучи и новоизградениот болнички објект.

 |  Николоска Биљана  | 
bolnica
болница

bolnicaВо петок 22 ви февруари како и за време на викендот охридската болница ќе биде исклучена од електричниот систем. Причина за тоа е приклучување на новото болничко крило на системот за електрично напојување, за што пак се наложило потребата од монтирање на нова трафостаница двојно помоќна од постоечката, вели првиот човек на болницата Љубен Арнаудов.

„На 22.02 во петок од 07 до 17 часот ќе биде исклучена болницата од мрежата на ЕВН, но ние тој период ќе го покриеме со агрегатите кои ги имаме. 01:26 + 01:36 Тоа ќе се случува и во сабота од 07 до 16 часот. За недела работата е посериозна бидејжи од 10 до 16 часот ќе имаме целосно исклучување на струјата на болницата“ – изјави Арнаудов.

bolnicaДиректорот побара разбирање од охриѓани поради новонастанатата состојба. Арнаудов кажа дека деновиве се проверуваат агрегатите, со цел истите да бидат во исправна состојба и додаде дека водат грижа за пациентите.

„За нас како апел е битно да дадеме да пациентите и матичните доктори ги препраќаат пациентите во Здравствениот дом во кардиолошки центар и во ортопедската болница Св. Еразмо, тие ги имаат сите дописи организирана е целата работа и се работи само за 6 часа“.

Арнаудов убедува дека место за паника нема, најургентните случаи нема да трпат. Тој нагласи дека се надѕира крајот на зафатите околу новоизградениот болнички објект за кој не се штедело на средства и досега биле потрошени над 260 милиони денари. Но бенефитот за пациентите ќе биде огромен, добиваат европски квалитетна болница, а охриѓани допрва ќе видат дека направено е нешто големо и добро кое ќе биде запаметено во историјата на градот, додава тој.

{loadposition content9}