Skip to main content

Македонските фудбалери во Охрид доживеаа пораз

Македонската репрезентација до 21 год со убедливи 0-3 и со катастрофална игра загуби на пријателскиот натпревар со Албанија.

 |  Златко Китановски  | 
fudbal Makedonija
фудбал Македонија
Македонската репрезентација до 21 год со убедливи 0-3 и со катастрофална игра загуби на пријателскиот натпревар со Албанија.

 

На дел од повиканите репрезентативци ова ке им биде последен натпревар за Македонија вели селекторот Мирсад Јонуз.

Makedonija-AlbanijaМакедонската младинска репрезентација денеска на стадионот Биљанини извори на натпреварот против своите врсници од Албанија загуби со убедливи 0-3. Ова е втор натпревар помеѓу овие две репрезентации оваа година. На првиот кој се играше во Албанија, Македонија победи со минимални 0-1. Селекторот Мирсад Јонуз не е задоволен од играта на своите избраници и најавува дека за дел од повиканите играчи ова ќе биде последен натпревар за македонската репрезентација до 21 год.

За македонските млади надежи ова беше 4 пријателски меч оваа година. На предходните три натпревари Македонија забележа две победи против Црна Гора 0-3 и Албанија 0-1 и еден нерешен резултат на гостински терен против Бугарија. Со овој пораз македонија го расипа билансот за оваа година која сакаше да ја заврши без пораз.

 

{loadposition content9}