Skip to main content

Џон Фич избркан од ултимејт федеарцијата

Поранешниот предизвикувач во велтер категорија, Џон Фич и 15 други борци беа отпуштени од страна на УФЦ. Оваа информација ја потврди сопственикот Дана Вајт.

 |  Голабовски Крсте  | 
john fich
џон фич

Поранешниот предизвикувач во велтер категорија, Џон Фич и 15 други борци беа отпуштени од страна на УФЦ. Оваа информација ја потврди сопственикот Дана Вајт.

Иако според многумина Фич е злогласен ултимејт фајт борец кој редовно приредува досадни мечеви, станува збор за човек кој е во УФЦ од 2005 и со години е меѓу Топ 5 борците во својата категорија. Во претпоследниот настап импресивно го совлада Ерик Силва, додека во последниот меч со одлука загуби од Демиан Маиа Баптиста од Бразил.

john fichВкупниот скор му е 24-5-1, а во УФЦ има одличен биланс (14-3-1). Познато е тоа дека Фич не е секогаш во најдобри односи со сопствениците на УФЦ, а поради такви причини во краток период беше и претходно отпуштен. Останатите 15 отпуштени се: Вагнер Прадо, Мајк Расоу, Џејкоб Волкман, Владимир Матјушенко, Че Милс, Џеј Хирон, Тери Етим, Пол Сас, Жорге Сантиаго, Мајк Стамф, Симеон Торесен, С.Џ. Кејт, Мотонобу Тезука, Џош Гриспи и Улисес Гомез.

{loadposition content9}