Четкар на Менхетен
На 8-ми март, македонскиот гитарист Владимир Четкар ќе настапи во познатиот клуб „Блу Ноут” на Менхетен.
На 8-ми март, македонскиот гитарист Владимир Четкар ќе настапи во познатиот клуб „Блу Ноут” на Менхетен.Четкар во Блу Ноут се враќа по петти пат и ќе биде придружуван од Мотохито Фукушима на бас, Милан Милановиќ на клавир и Џефри Фахардо на тапани.
Како гостин на концертот кој ќе започне на полноќ ќе настапи и легендата на Казабланка Рекордс и диско музиката, Ди Си Лару кој заедно со Четкар ќе го исполни својот најголем хит “Катедрали”.
Истиот ден во клубот ќе настапат и музичките џез и фанк икони, „Круседерс“ (Crusaders) и тоа со славната стара постава препознатливи по нивниот мега хит „Стрит лајф” и соул дивата Ренди Краворд.
{loadposition content9}