Презентација на проектот „Посвојте парк“
Денес во просториите на Универзитетот ФОН се одржа презентација на проектот „Посвојте парк“. Амбасадорот на САД во Р. Македонија Пол Волерс, на учениците учесници на „Зелената академија“, им додели сертификати.
Со доделување на сертификатите на учениците, учесници во „Зелената Академија“ отпчна првата активност на проектот „Посвојте парк“. Станува збор за мошне важен преокт од областа на екологијата, чија што цел е да се развие свеста кај младите за еколошките проблеми со кои се соочува Македонија, како и тоа да се инспирираат сами да преземат активности за да ја подобрат лошата состојба во која се наоѓа замјава во насока на еколошка свест, вели Катерина Василеска проектниот координатор од „Локалната агенција за развој“.
„После оваа активност, „Зелената академија“ која што се состоеше во серијал обуки, студиски патувања, следната активност ќе биде реално градење, поточно создавање паркови. Ќе се одберат пет запуштени зони во центарот на Струга и пет тима од различни школи ќе ги трансформираат во паркови“– вели Василеска.
Дека проектот „Посвојте парк“ е од големо значење посебно за младите учесници, потврди Александра Нестороска. Таа рече дека 50 млади, можат на одговорните да им покажат и докажат што значи грижата за чиста еколошка средина.
„На овој проект се стекнавме со многу знаења и искуства се запознавме со проблемите на нашата земја исто така најдовме решенија за тие проблеми“.
Денешното собирање по повод презентација на проектот „Посвојте парк“ и доделување на сертификатите на учесниците на „Зелената Академија“, упатува јасна порака: Знаењето треба да е на прво место, како што истакна Сефер Цаноски, генералниот менаџер на Универзитетот ФОН.
„Денеска живееме во едно општество на знаење и брз развој на технологиите, во време на брзи општествени промени, универзитетите, средните училишта, компаниите, стопанството се се менува со една голема брзина и самите ние дали сме директори, професори, ученици мора да го менуваме и да бидеме во тек со европските и светските трендови. Секој сегмент од нашето општество е тесно поврзано со образованието и едукацијата“-изјави Цаноски.
Амбасадорот на САД во Р. Македонија Пол Волерс, зборуваше за значењето и улогата на нивното учество во проектот. Воедно амбасадорот Волерс, лично им ги врачи сертификатите на учесниците на „Зелената Академија“, и благодарниците на директорите на средните училишта партнери во проектот и тоа: од ,„5та Приватна Гимназија”, СОУ “Нико Нестор”, СОУ „Д-р Ибрахим Темо” и Колеџот „Јахја Кемал”. Проектот е финансиран од Американската Амбасада.