Skip to main content

Во Северна Кореја и фризурите се регулирани со закон

Владата на Северна Кореја презеде еден бизарен потег.

 |  Голабовски Крсте  | 
frizuri
фризури

Владата на Северна Кореја презеде еден бизарен потег. Имено отсега жените во оваа земја смеат да ја носатсамо една од 18-те дозволени фризури, а сето тоа со цел „да се спречи користењето на западниот стил“.

frizuriНа мажените жени, им се препорачува кратка коса, боб, или трајни локни, додека шишки се дозволени само за девојките.Овие фризури се дефинирани во 2005 година, на една телевизиска емисија наречена “Се потстрижуваме во социјалистички стил”. Забраната на одредени „западни“ фризури наводно е воведена поради здравствена причина, поради тоа што долгата коса одзема премногу енергија.

Мажите на располагање имаат 10 фризури, препорачано им е да се потстрижуваат на секои 15 дена, додека должината на влакната е лимитирана на 5 сантиметри. На постарите мажи им се дозволени 7 сантиметри.За разлика од обичните граѓани, првата дама Ри Сол Џу нема намера да се држи до модната диктатура и секогаш се појавува со фризури, различни од дозволените.


{loadposition content9}