Skip to main content

Оскарот повторно им се смее на дечките од Фх3х

Свој удел во визуелните ефекти на номинираните 4 филма за Оскар („Одмазници“, „Прометеј“, „Животот на Пи“ и „Клетници“) има и македонското студио за визуелни ефекти ФХ3Х.

fx3x
фх3х

Свој удел во визуелните ефекти на номинираните 4 филма за Оскар („Одмазници“, „Прометеј“, „Животот на Пи“ и „Клетници“) има и македонското студио за визуелни ефекти ФХ3Х.

Оваа македонска компанија соработуваше со три компании кои работеа на овие четири филма.

fx3x„Ни претставува двојно задоволство што бевме дел од филмовите како што се ’Одмаздници‘ и ’Животот на Пи‘, бидејќи тие го подигаат нивото на целата индустрија. ’Одмаздници‘ имаше најголем број визуелни ефекти и оствари неверојатен приход на киноблагајните во рекордно време. ’Животот на Пи‘, пак, има друга убавина, во сосем друг правец од нашата работа, постигнувајќи револуција во реализацијата на ефектите. Горди сме на секој проект, а овие номинации се дел од највисоката валоризација на нашата работа во оваа индустрија“, изјави за Утрински весник коосновачот на Студиото ФХ3Х, Кристијан Даниловски.

Во ФХ3Х велат дека во последните три години преку деведесет проценти од работата на ФХ3Х е ориентирана кон големите светски студија, каде што соработуваат со најголемите артисти во оваа област.

Во трката за Оскар оваа година (доделувањето ќе се одржи на 24 март) со најмногу номинации, дури 12, е драмата на Стивен Спилберг „Линколн“, „Животот на Пи“ има 11 номинации, а по осум добија „Клетници“ на Том Хупер и „Во добро и во зло“ на Дејвид О. Расел. Филмот „Арго“ на Бен Афлек има седум номинации за Оскар.

{loadposition content9}