Skip to main content

Пристига помош за опожареното семејство Шемо

Пети ден минува од пожарот кој го пеплоса скромниот дом на тројцата браќа Шемо, а охриѓани секојдневно ја покажуваат својата хуманост.

 |  Валентина Неловска  | 
semo
semo

Пети ден минува од пожарот кој го пеплоса скромниот дом на тројцата браќа Шемо, а охриѓани секојдневно ја покажуваат својата хуманост. Во дворот на браќата Шемо почна да пристига помош за обновување на нивниот дом. Хумани луѓе донираат кој колку може во овие тешки моменти да им ја ублажи несреќната ситуација. Мајката на браќата Шемо, Асиме и останатите членови се бескрајно благодарни на луѓето кои им подадоа рака. Општинската организација на Црвен крст им подарила ќебиња и социјални пакети со храна, градоначалникот Александар Петрески им обезбедил топол оброк. Помогнале наставничкиот колектив, учениците  и родителите од ОУ „Братство Единство“ каде што учат децата, како  и бизнисмени кои се скромни и не сакаат јавно да бидат споменувани. Огнените јазици на семјството Шемо им ја проголта и целата покуќнина.  Тие останаа не само без кров туку и без основните елементи на мебел и покуќнина. Немаат кревети, маси столици теписи, фрижидер, шпорет. Mолат добрите луѓе да им подарат мебел и покуќнина кој се вишок во нивните домови. semo
Советникот Кујтим Хусеини, во изминативе денови е постојано со членовите на семејството Шемо, сесрдно помагајќи. Кажува дека се расчистени изгорените остатоци од опожарениот скромен дом на трите лепенки на браќата. Започнало обезбедување на градежен материјал, како и електрична инсталација. По подобрување на временските услови ќе започне реконструкцијата на кровот. Општинската  комисија за проценка на штети веќе излегла на терен и проценила дека на семејството му е потребна финсиска помош во висина од 7000 евра за реконструкција на куќата. Исто така, Комисијата направила проценка и на неодамна опожарениот дом на Тоскоски во Видобишта. Констатирала дека и на ова семејство му е потребна финсиска помош во висина од 5000 евра. Хусеини појаснува дека на 28-ми овој месец ќе има седница на Совет и се надева дека советниците ќе ги усвојат одлуките  за помош на овие настрадани семејства.

Семејството Шемо отвори и жиро сметка на која граѓаните ќе може да донираат средства за обновување на нивниот дом.
Може да уплатат средства на име  Лирије  Шемо:
с-ка 530  5000 165 05 283
 и на транскациона сметка на име Рушид Шемо:
14 001 1707 1571 -Охридска банка.

{loadposition content9}