Skip to main content

Федерер најави двомесечна пауза од тениските терени

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека по турнирот во Индијан Велс ќе паузира со натпревари и ќе му се посвети на семејството.

 |  Голабовски Крсте  | 
Roger Federer
Роже Федерер

По завршувањето на турнирот во Индијан Велс на 17 март, Роже Федерер ќе направи пауза од 2 месеци. Неговото враќање на тениските терени тој го најави за мај кога ќе се одржи турнирот во Мадрид.
Вториот тенисер на светот како причина за паузата ја наведе потребата да му се посвети на семејството, но и подготовките кои ќе му помогнат да ја одржи формата на патот кон неговата 18-та Гренд слем титула.

Roger Federer„Не можам да играм исто како и минатите години. Немам веќе 22 години кога можев да играм на 25-30 турнири годишно. Ѓоковиќ, Мареј и Надал се на врвот од нивните кариери, а мојата ситуација сега е тотално поинаква”, изјави Федерер кој минатата година одигра 83 натпревари на 17 турнири.

{loadposition content9}