Skip to main content

Карамбол во Дејтона, 33 повредени

Од запалениот автомобил, што удри во оградата и направи голема дупка, делови летаа на централната трибина, а еден гледач е во критична состојба.

 |  Голабовски Крсте  | 
Daytona
Дејтона

На трката Дејтон 500 во НАСКАР серијата се случи голема несреќа, откако во финишот се запали автомобилот на дебитантот Кајл Ларсон, а делови од него се најдоа на централната трибина по што се повредени 33 лица, 14 од нив се надвор од животна опасност, додека еден од повредените е во критична состојба. Автомобилот беше целосно демолиран, а на местото каде што удри во оградата беше направена голема дупка.

Daytona-Петнаесет лица се пренесени во болница, на исто толку им се укажа лекарска помош на самата трибина, а едно е во критична состојба. Ова беше сериозна несреќа, но постапивме според сите протоколи за безбедност, медицинскиот персонал експресно реагираше и им помогна на повредените, изјави претседателот на патеката во Дејтон, Џои Читвуд.

Трката заврши со триумф на Тони Стјуарт. Ова беше негова 19. победа на Дејтон, но искусниот возач не беше расположен за славење

-Ние како возачи знаеме дека е ова многу опасен спорт, но не може ни да се помисли дека во целата ситуација можат да настрадаат и навивачи. Забележав несреќата на мојот ретровизор, делуваше страшно во тој дел од секундата. Не гледам причина за славење по оваа победа, изјави Стјуарт.

{loadposition content9}