Шест месеци пауза за Манасков
Повредата на крилото на Металург Дејан Манасков, која ја заработи на дуелот од групната фаза на Лигата на шампионите против Силкеборг, е многу посериозна отколку што се очекуваше.
Повредата на крилото на Металург Дејан Манасков, која ја заработи на дуелот од групната фаза на Лигата на шампионите против Силкеборг, е многу посериозна отколку што се очекуваше.
Прегледите покажаa дека младиот ракометар ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, па сигурно ќе отсуствува од терените во наредните 6 месеци.
„За жал, повредата на Дејан Манасков е од посериозен карактер и тој ќе го пропушти остатокот од сезоната. Кај Дејан е констатирана повреда на предните вкрстени лигаменти и тој подолго време ќе отсуствува од ракометните терени. Единствено радува фактот што периодот на рехабилитација доаѓа во летниот период и Дејан ќе пропушти само два и пол месеци од натпреварувачкиот календар. Веќе во август тој ќе ѝ се приклучи на екипата“, се вели во соопштението објавено на официјалната страница на Металург.
Оваа вест, покрај за Металург, нема да биде добра и за новиот македонски селектор, зашто репрезентацијата нема да може да смета на еден од клучните играчи за решавачките дуели со Шпанија, во квалификациите за СП во Данска.
{loadposition content9}