Мртов ли е или не?
Потпретседателот на Венецуела и министер за надворешни работи Николас Мадуро ги демантираше информациите дека претседателот Хуго Чавез е мртов.
Потпретседателот на Венецуела и министер за надворешни работи Николас Мадуро ги демантираше информациите дека претседателот Хуго Чавез е мртов.
Тој тврди дека Чавез земјата ја води од болнички кревет и дека покрај проблемите со дишењето, може да издава наредби и да комуницира.
„Има тим на луѓе кои апсолутно му се подредени и тој им издава наредби“, рече Мадуро.
Мадуро рече дека Чавез одржал петчасовен состанок со своите соработници со кои комуницирал пишувајќи им.
Инаку некои латино-американски медиуми ја пренесоа изјавата на Џулермо Кочез, поранешен амбасадор на Панама во Организацијата на американските држави, кој тврдеше дека претседателот на Венецуела Хуго Чавез е клинички мртов два месеци. Тој тврди дека смртта на претседателот на Венецуела службено била прогласена пред четири дена, кога ќерките на Чавез од докторите побарале да го исклучат од апаратите.
{loadposition content9}