Skip to main content

Советот даде амин да им се помогне на семејствата чии домови изгореа

Советниците едногласни во намерата да им се помогне на семејствата чии домови беа опожарени.

 |  Маленкова Татјана  | 
pozar
pozar

Хуманоста ги обедини охридските советници. Прва точка на 59 седница на совет беше Информацијата за настанатите пожари во Охрид на 16 и 17 февруари годинава кога беа опожарени неколку домови.
Градоначалникот уште еднаш ги потсети советниците на кобните  два дена кога во неколку часа, огнот kuka opozarenaпроголта неколку домови во стариот дел на Охрид,  нас. Радојца Новичиќ и Воска. За куќата во стариот дел на Охрид градоначалникот потенцира дека  локалната  финансирала за да се направи нов покрив, врати и прозори, т.е како што кажа Петрески да се смени она што било најбитно за да се затвори куќата и да се спречи понатамошно ошптетување.  Тој додаде дека оваа куќа сеуште не е оспособена за живеење.

„Во куќата во Варош комплетно се направи нов покрив кој беше целосно изгорен. Се направија вратите и прозорите т.е она што беше најитно за да се затвори куќата од надворешниот дел за да може да се работи и во внатрешниот дел, а и да се спречи понатамошно оштетување од врнежи. Оваа куќа сеуште не е приспособена за живеење, затоа допрва треба да се средува внатре“, вели градоначалникот Александар Петрески.
kuka opozarenaГрадоначалникот додаде дека локалната финансиски помогнала да се интервенира и на куќата во непосредна близина на опожарената на која поради огнот била зафатена дел од дограмата. Тој појасна дека на оваа куќа биле променети оштетените прозори. Градоначалникот проговори и за активностите кои локалната ги превзела за пожарот во Радојца Новичиќ. Тој истакна дека според одлуката која ја донесол советот, општина Охрид учествувала во затворањето на објектот и комплетно покривањето со греди и герамиди. „Помагаме онолку колку што можеме според одлуките на советот“, категоричен е градоначалникот Петрески.

„Сигурно дека штетата е во поголема мера и требаат повеќе средства, но ние учествуваме со она што е најпотребно. За жал имаше уште еден пожар во населбата Видобишта каде од четири соби три изгореа со намештај со се“, вели Петрески.

Градоначалникот пред советниците зборуваше и за пожарот во нас. Видобишта. Тој кажа дека во оваа куќа од четири соби комплетно изгореле три. А по два дена во нов пожар изгореа уште три мали куќи споени на ул. Бистрица во нас. Воска.
По образложенито на градоначалникот советниците едногласни дека на семејствата треба да им се помогне , по што се изгласа одлуката со која Се задолжува локалната да одвои средства и да им помогне на семејствата за да се обезбедат елементарни услови за живот.
Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски побара висината на средствата кои ќе ги издвои локалната да биде  точно одредена. На ова градоначалникот појасни дека максимумот кој локалната може да го издвои по семејство е 300 000 денари.

{loadposition content9}