Skip to main content

Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ во Охрид

Охрид денеска и утре е домаќин на петтиот Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ), што годинава се оддржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски.

Ohrid
Охрид
Охрид денеска и утре е домаќин на петтиот Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ), што годинава се оддржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски.

Учеството на Форумот го потврдија претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Бугарија Георги Прванов, на Албанија Бамир Топи, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ, високи претставници на влади, на водечки компании, банки и деловни асоцијации, како и припадници на академски заедници и претставници на 50 медиумски куќи од државите во регионот.

Во рамките на РЕФ СЕЕ 2008 е предвидено да се одржат три одвоени тркалезни маси, на тема „Влијанието на кредитната криза врз финансиите и економиите на земјите од ЈИЕ“, „Инфраструктурата во регионот (градежна, патна и телекомуникациска)“ и „Енергетските пазари на земјите од ЈИЕ“. Покрај тоа, како и изминатите години, на средбата ќе биде презентиран и Извештај за конкурентноста на земјите и регионот на Југоисточна Европа.
Стопанственици од различни дејности од регионот ќе имаат можност во рамки на организирана средба – сесија да водат разговори, да воспостават контакти и да извршат презентација на сопствените производи и услуги, со претставници на држави, влади, стопански комори, водечки компании и деловни асоцијации од земјите-учеснички.

Branko CrvenkovskiЦелта на РЕФ СЕЕ, покрај олеснувањето на процесот на евроинтеграција на земјите-учеснички од макроекономски и политички аспект, е и создавање амбиент за воспоставување деловни контакти и деловна соработка меѓу стопанствениците во регионот во смисма на склучување конкретни договори за деловна соработка и зголемување на стоковата и парична размена во регионот од микроекономски аспект.

Претходните форуми се одржаа 2003 и 2004 година во хрватското летувалиште Цавтат, 2006 година во Милочер во Црна Гора, како и минатата година во Дубровник.
Инаку, во Охрид во деновите на одржувањето на Форумот во сила е посебен режим на одвивањето на сообраќајот. Заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид возила. Ќе се отстрануваат неправилно паркираните возила и оставените предмети, пред се на булеварот „Туристичка“, улицата „Јане Сандански“, Кеј „Маршал Тито“, како и од други улици во централното градско подрачје.

Полицијата ги информира граѓаните дека на тој потег нема да биде дозволено запирање и паркирање возила.
Истовремено СВР – Охрид упатува апел до граѓаните да се воздржат од употреба на автомобили за време на одржување на Економскиот форум, кога на сила ќе бидат посебни безбедносни мерки во поширокиот реон и објектите каде ќе престојуваат делегациите.

 

{loadposition content9}