Skip to main content

Ќе се чистат фреските во црквата Св. Ѓорѓија

Годинава ќе се реализира проектот за конзервација на иконостасот на црквата Св. Ѓорѓија во Струга. Од Музеј „Др Никола Незлобински“, најавија дека се подготвува терен за реализација на овој значаен проекти и дека во јуни ќе се отпочне со негово спроведување.

 |  Николоска Биљана  | 
svgorgija
свѓорѓија

svgorgijaФреските во Црквата Св. Ѓорѓија во Струга, сепак ќе се чистат. Првиот човек на Музејот „Др. Никола Незлобински“, Др Сашо Цветкоски потврдува дека околу реализацијата на проектот за конзервација на иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, постоеле одредени несогласувања со Завод и Музеј Охрид, но дека истите се надминати. Како што е познато проектот е одобрен од страна на Министерството за култура и веќе се екипираат и луѓето за реализација на овој значаен проект и од јуни очекуваме да се отпочне со чистење на фреските, додава Цветкоски.

„Имаше некои мали недоразбирања кои сега се надминати, така да се е тековно се тече нормално дури и црквата пројави интерес да партиципира со свое учество“.

svgorgijaРеализацијата на проектот за конзервација на иконостасот на црквата Св. Ѓорѓија  е од посебна важност бидејќи за две години црквата одбележува два значајни јубилеи и тоа 750 години од нејзиното постоење, како и 180 години од нејзиното возобновување, открива Цветкоски.

„Тоа е голем и важен јубилеј, фреските треба да бидат исчистени затоа што се спрема една голема книга монографија за црквата Св Ѓорѓија и фотосите внатре, визуелниот материјал треба да ја отсликува онаа состојба што ќе биде после конзервацијата. Ние правевме пробни сонди и се виде дека разликата е огромна живописот е сочуван но е подруг од сегашната состојба“.

Црквата Св. Ѓорѓија во Струга се наоѓа во централното градско подрачје. Таа е единствена соборна црква во општината и е најстарото литургиско седиште во градот каде редовно се одржува црковна богослужба. Најстаро познато сликарско дело е иконата на Свети Ѓорѓија која датира од 1267 година. Оваа икона го претставува патронот на угледната Струшка црква во цел раст насликан фронтално со меч и копје во рацете.

{loadposition content9}