Skip to main content

Продолжува проектот „Охрид град на цвеќето“

Дождот кој во претпладневните часови паѓаше не го попречи реализирањето на проектот „Охрид град на цвеќето“.

 |  Валентина Неловска  | 
park
park

Дождот кој во претпладневните часови паѓаше не го попречи реализирањето на проектот „Охрид град на цвеќето“. Сезонските цвеќиња кои се планира да бидат засадени на голем број површини се производство од сопствените оранжерии на ЈП „Охридски Комуналец“. До почетокот на туристичката сезона се планира да бидат засадени околу 10.000 парчиња  сезонско цвеќе, додека со новата реколта, пак од јуни планирано е  да бидат засадени помеѓу 35-40.000 парчиња цвеќе. Само претходните денови на потегот од Рибниот ресторан до Жиголо се засадени 4000 парчиња  цвеќе. Денес  во градскиот парк продолжија започнатите активности со садење цвеќе, напоменува раковидетелот на паркови и зеленило Трајан  Љаткоски.
ocinja 
„ Досега во оранжериите се одгледуваше цвеќето за градскиот парк и други  локации, каде што се предвидени места за цветни леи. Во паркот денес беа засадени 2000 сезонско цвеќе кое ќе опстојува до средината на јуни, а потоа ќе имаме друга реколта на летно-есенско цвеќе. Денес  беа засадени виола триколор,  познати  кај народот како очиња и дијантусот, каранфилчињата“, информира Љаткоски.

 ЈП „ Охридски Комуналец“ во изминативе години се соочуваше  со несовесните граѓани кои го крадеа засаденото сезонско цвеќе. Од лани таквите појави се надминати со поставување на наш чувар, напоменува директорот на ЈП, Сашо Алче. Директорот бара помош и од Министерството  за внатрешни работи за спречување на кражбите. Се прави огромна штета на претпријатието, а откорнатите цвеќиња не успеваат повторно да бидат засадени, па се прави двојна штета, ни оној кој краде може да го искористи нити граѓаните може да уживаат во неговата убавина, вели Алче. Директорот информира дека претпријатието има одвоено 1, 5 милион денари за вградување на систем за наводнување на планираните површини кои ќе бидат засадени со цвеќе.
cveke
„Нови системи за наводнување ќе бидат инсталирани на северниот влез во Охрид кај клучката, на булевар Туристичка, магистралата од Билјанини извори до Горица 3, а ќе биде покриен и Паркот на пријателството. Тие се големи зафати и ЈП Комуналец има преземено истражувања со реномирана фирма се утврдени места каде што со  бушотини ќе се извади вода и ќе се користи за новоднување“, кажува  Алче.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ најавуваат хортикултурно оплеменување на голем број нови површини во разни делови од градот.  Покрај уредувањето на постоечките паркови и кружни текови најавено е уредување и на нови паркови. Во планираните локации е новиот парк кој наскоро ќе биде уреден во населбата Даљан помеѓу хотел Магнус и училишната зграда. 

{loadposition content9}