Skip to main content

Производите од млечна индустрија Лабрадор ги задоволуваат сите стандарди за квалитет

Производите од млечна индустрија Лабрадор ги задоволуваат сите стандарди за квалитет, велат од таму. Тоа го потврдуваат најновите резултати од испитувањата на земените мостри од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Се апелира до граѓаните што повеќе да веруваат во квалитетот на домашните производи и да ги купуват истите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
labrador
лабрадор

Скандалот со недозволеното количество на афлатоксин во млекото од неколку странски производители кое се продаваше на нашиот пазар, ги раздрма и македонските млекопроизводители. Сите тие беа обврзани да направат дополнителни контроли на своите производи. Во охридскиот регион имаме една млечна индустрија, а тоа е Лабрадор. Нејзините производи ги задоволуваат сите стандарди за квалитет, вели Славко Николовски, менаџер во оваакомпанија. Тоа го потврдуваат најновите резултати од испитувањата на земените мостри од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.labrador

Николовски вели дека нема никакв можност да се најде зголемен процент на афлатоксин во млечните производи доколку истиот го нема во сировото млеко. Затоа, додава тој контролите првично треба да се вршат на млекото. Николовски тврди дека производителите на млеко од кои тие се снабдуваат својот добиток го хранат со квалитетна храна.

Николовски апелира до граѓаните што повеќе да веруваат воПроизводите од млечна индустрија Лабрадор ги задоволуваат сите стандарди за квалитет, велат од таму. Тоа го потврдуваат најновите резултати од испитувањата на земените мостри од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Се апелира до граѓаните што повеќе да веруваат во квалитетот на домашните производи и да ги купуват истите.

{loadposition content9}