Skip to main content

Полска комедија ќе ги промовира убавините на Охрид

Охрид ќе биде главната ѕвезда во комедијата „Охрид.мк“ на тројца млади филмски работници од Полска.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohrid.mk
охрид.мк

Конрад Коморничак, Томаш Нивински и Павел Грабовски се тројца млади и талентирани филмски работници од Полска и тие се фасцинирани од нашиот град. Оваа фасцинираност, тие нема да ја зачуваат само како спомен од едно патување, не, тие со своите знаења и уметничка душа, убавините на Охрид ќе ги овековечат во игран филм.

film za OhridИдејата им е тоа да биде комедија за млади луѓе од Полска кои притиснати од финансиски, семејни проблеми и притисоци доаѓаат во Охрид и откриваат едно одлично место за забава. Еве како дошле на идејата, главната ѕвезда на нивниот филм да биде нашето идилично место.

„85 проценти од филмот го снимаме тука, а 15 проценти во Полска и на оваа идеја дојдов затоа што сум писател, па знам многу луѓе кои се занимаваат со уметност. Ова е првиот дел од тоа како дојдовме на идеја, другиот дел е тоа што дипломирав српско-хрватска филологија во Познањ, па го знам балканот и конечно го најдов местото кое најмногу ми се допаѓа.“-вели писателот и сценарист на филмот, Конрад Коморничак.

Со Охрид се запознале преку професорот Звонко Димовски кој работи на универзитетот во Познањ.

polska komedijaОткако виделе неколку слики од местото, се воодушевиле и решиле да дојдат и да не посетат. Тргнале авантуристички, 14 луѓе со три автомобили, за следната година да дојдат двојно повеќе, а оваа година тоа ќе го овековечат и во нивниот филм. Веќе снимиле две промотивни видеа за филмот, едното во Полска, а другото во Охрид.

„Снимавме многу рано наутро што не беше баш убаво да се стане толку рано ама ете, сакав да покажам како изгледа местото кога е празно, кое како да ги чека своите туристи, но можете да видите како се будат луѓето. Снимавме каде што ги продаваат рибите, кои се ставени во рерната и се подготвени, но нема никој таму како да е се подготвено за луѓето да почнат да доаѓаат и како да велат „Добредојдовте“.-рече директорот на фотографија, Павел Грабовски.

Во филмот „Охрид.мк“ покрај актери од Полска, ќе бидат ангажирани и македонски актери. За таа цел ќе бидат организирани и два кастинзи во Полска, и еден во Скопје.

promotiven film Ohrid„Планираме да заинтересираме и многу луѓе од Македонија да ни испратат слики и информации на нашата фејсбук страна затоа што планираме да снимаме и со професионални актери, но ќе има и аматери, па сакаме да заинтересираме многу луѓе кои ќе не следат на фејсбук и да ни пратат свои информации.“-изјави режисерот, Томаш Нивински.

Овие тројца ентузијасти и филмски работници велат дека филмот го прават од чисто уметничко задоволство и без никаков на„Планираме да заинтересираме и многу луѓе од Македонија да ни испратат слики и информации на нашата фејсбук страна затоа што планираме да снимаме и со професионални актери, но ќе има и аматери, па сакаме да заинтересираме многу луѓе кои ќе не следат на фејсбук и да ни пратат свои информации.

Во моментот преговараат со филмската комисија од Полска, а се надеваат дека ќе обезбедат средства и од Филмскиот фонд на Македонија, со што филмот би бил копродукција. Инаку со едно од снимените промотивни видеа кое било прикажано пред околу стотина луѓе во Полска се привлекло огромно внимание.

Охрид.мк треба да биде готов до 2014та година, па со нетрпение го очекуваме, а вие доколку сакате да се испробате како актери, www.facebook.com/projektohrid е нивната фејсбук страна па можете да им испратите ваши слики и лични информации.

{loadposition content9}