ВМРО ДПМНЕ ја започна изборната трка
Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ,Бакрачески во првиот ден од почетокот на кампањата се сретна со новинарите.
„Започна големата кампања за овие локални избори со која што ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ја означат победата“, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески. Тој искажа посебно гордост што на денешната пресс конференција со него беше и групата на советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за која што рече дека и верува и е убеден дека се најдобриот тим кој било кога е назначен во историјата на Охрид . Бакрачески истакна дека негова огромна желба и надеж е изборите да бидат мирни, достоинствени, фер и демократски, поточно избори со кои ние како охриѓани ќе покажеме дека припаѓаме на делот на цивилизираната заедница.
„Овие се локални избори во кои ќе имаме судир на два дијаметрално спротивни концепти. Едниот е на она што во изминатите осум години вие го видовте, а тоа е концептот на безнадежност, бесперспективност, концепт на лажни ветувања и концепт на излитени фрази и потрошени догми. Другиот концепт е концептот на ВМРО ДПМНЕ и на коалицијата за подобра Македонија, концептот на јасна визија, концептот со точно утврдени програмски цели и задачи и концепт кој недвосмислено ќе покаже како се сака градот Охрид“, истакна кандидат за градоначалник ВМРО ДПМНЕ.
Бакрачески е категоричен дека од денеска тимот на ВМРО ДПМНЕ тргнува во поход за Охрид, во поход за надеж и за отворање на нов прозорец на неограничени можности. Тргнуваме во поход, со кој сакаме да ја преземеме одговорноста за долго време неотпочнатите и незавршени работи, поход во кој сакаме да ја доусовршиме нашата зедница и да ја изградиме иднината на Охрид, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ.
„Охриѓани заслужуваат многу поинаков Охрид, Охрид заслужува многу поинаква иднина, а иднината и светот го заслужуваат Охрид во сиот негов сјај. Заедно со вас верувам дека почнувајќи од денес конечно ќе можеме да се посветиме на таа мисија и конечно ќе можеме да пристапиме во градењето на иднината на овој град. Уште еднаш сакам да напоменам дека Македонија е демократска држава, во Македонија функционира правната држава каде правото на слободен избор е неприкосновено право и програмски цели и задачи и концепт кој недвосмислено ќе покаже како се сака градот Охрид“, вели Бакрачески.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ ги повика граѓаните на Охрид, да не потклекнуваат на заканите на кои како што кажа секојднено се изложени, на уцените на малтретирањата и на заплашувањата, туку масовно да излезат на овие избори, да ја прифатат и поддржат нивната програма и нивните проектни цели и задачи. Програмата рече Бакрачески со која сите заедно ќе го градиме Охрид и програма во која сите ќе можат да го пронајдат своето место и ќе бидат згрижени на свој начин.
{loadposition content9}