Skip to main content

Бакрачески: Тула по тула, блок по блок, заедно ќе градиме подобар Охрид

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија од градскиот плоштад во Охрид ја започна својата кампања за престојните локални избори.

 |  Мишел Наумоски  | 
Bakraceski
Бакрачески

Во еуфорична амтосфера, пред голема бројка насобран народ, пред своите симпатизери и подржувачи, вчера од градскиот плоштад во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ја започнаа изборната кампања. Први честа да се обратат пред охриѓани ја имаа лидерите на коалиционите партнери на ДПМНЕ, Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците, Павле Трајанов од Демократската партија како и претставникот од Социјалистичката партија, министерот Љупчо Димовски. Од локалниот тим, честа прва да се обрати пред охриѓани ја доби д-р Јованка Точко, како носител на советничката листа на ДПМНЕ. Таа потенцираше дека желбата за промени и дела, кои ги има кај нив, ќе донесат подобар Охрид за сите охриѓани.

„Ние охриѓани сме едно тело. Секое катче, секоја улица е Охрид. Затоа привилегијата да се одлучува за Охрид ќе му припаѓа на секој еден од вас.“-ова се зборовите на д-р Никола Бакрачески, кандидатот на Коалицијата за подобра Македонија за градоначалник на Охрид.

miting DPMNEСпоред него, присуството на охриѓани на нивниот митинг е доказ дека тие одбрале надеж наместо темница.

„Драги охриѓани, измина долго време, но од вечерва па во наредниот период од четири години кои ни престојат, промените во Охрид конечно ќе дојдат. Вечерва наша грижа мора да биде иднината, за да се промени Охрид, за крај на старата ера, за старите грешки никогаш да не се повторат. Почитувани сограѓани, јас сум Никола Бакрачески, човекот кој вие многу добро го познавате. Влегувам во оваа трка за спас на градот, без валкани раце, со чист образ, без инкриминирано досие и афери и без ниту една дамка во својата професионална кариера.“-рече кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.

Отворање на нови работни места, подобрување на локалниот економски развој, слободна економска развојна зона, реконструкција на училишта, спортски сали, стипендиндирање на ученици, изградба на затворен пливачки базен, изградбата на модерна автобуска станица, затворен зелен пазар, изградба на катни гаражи, аква парк се само дел од проектите планирани за Охрид, истакна Бакрачески.

Gruevski mitingПремиерот Никола Груевски, во својот говор потенцираше дека тие за градоначалник на Охрид, нудат кандидат кој е целосна спротивност на актуелниот градоначалник.

„Тој е човек кој знае да соработува, човек кој знае да помогне и да побара помош кога му треба. Со таков човек на чело на градот, ве уверувам дека и ние како влада ќе можеме многу повеќе да помогнеме и да направиме за Охрид. Погледнете ја неговата програма за Охрид и ќе видите многу конкретни проекти, ќе го видите Охрид 2017 многу поизграден, поубав и попривлечен и за вас кои овде живеете, и за туристите кои доаѓаат.“-изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Време е да се разбудиме од кошмарниот сон и да направиме добро, јас сум подготвен да работам за вас и да марширам заедно со вас. Охрид не може да се врати назад, на овие избори ние мора да дадеме завет дека ќе маршираме напред и само во иднината.– им порача Никола Бакрачески на охриѓани.

{loadposition content9}