Skip to main content

Март, месец на филмови за деца во Центарот за култура

Богат театарски и филмски репертоар на Центарот за култура „Григор Прличев“ во месец Март.

 |  Мишел Наумоски  | 
emigranti
Емигранти

Во месец Март, граѓаните на Охрид ќе имаат можност да уживаат во актерското мајсторство на членовите на Народниот театар од Охрид. Од добрите претстави никогаш не може да биде доволно, па затоа, охриѓани ќе можат повторно да ги проследат претставите „Полицајци“, „Емигранти“, „Ајде да си речиме уште една“ и „Малограѓанска свадба“.

Изведбите на овие театарски претстави ќе бидат секои петок и сабота.

Ohridski naroden teatar„Секако тука не заостанува и филмската програма. Можевме да проследиме повеќе филмови и во претходниот период. Интересно е што од 12ти Март започнуваат филмови, детски играни филмови кои што се екранизирани бајки, „Пепелашка“, „Госпоѓа Холе“, „Бременски музиканти“, и „Снежана и седумте џуџиња“, значи се обраќаме на нашата млада публика, на најмладите. Билетите ќе бидат исто така многу поволни, по 60 денари, се работи за германски филмови снимени според браќата Грим.“-вели Драгана Боцеска-Директор на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Покрај претставите на домашниот, охридски театар, овој месец ќе има и едно гостување, кое доаѓа на барање на охридската публика. Се работи за добро познатата битолска екипа „Солзи и смеа“, која вечерва до солзи ќе ги смее охриѓани.

malogragjanska svadba„Поради тоа што имаше огромен интерес, нивното претходно гостување за жал многу од нивните обожаватели не можеа да ги проследат бидејќи толку собираше и салата на Центарот за култура. Токму затоа тие се повторно тука, а со нив ќе имаме и понатаму соработка. Ги очекуваме и во Април со нешто ново, па малку и ќе се насмееме, а секако го очекуваме и редовниот репертоар на народниот театар на Охрид.“-рече Боцеска.

Инаку во наредниот период, Центарот за култура, однапред ќе ја најавува програмата која што граѓаните ќе можат да ја проследат во текот на месецот, со цел охриѓани да можат добро да се информираат, и да ја посетат онаа претстава или да го погледнат оној филм кој најмногу ги заинтересирал.

Претставите и филмските проекции ќе можат да се следат од вторник па се до сабота, секој месец.

{loadposition content9}