Кличко во мај ќе ја брани титулата
Украинскиот боксер Владимир Кличко ќе ја брани титулата во тешка категорија во мај против малку познатиот Италијанец Франческо Пјанета.
Владимир Кличко
Украинскиот боксер Владимир Кличко ќе ја брани титулата во тешка категорија во мај против малку познатиот Италијанец Франческо Пјанета.
Кличко ќе ја брани титулата на 4-ти мај во Манхајм.Пјанета е роден во Италија, но живее во Германија од својата шеста година. Тој забележал 28 победи од кои 15 биле со нокаут.
Кличко има 59 победи (51 со нокаут) и три порази. Украинскиот боксер ја брани титулата во четири верзии – ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО.
Последен пат Кличко ја одбрани титулата во ноември минатата година против Полјакот Маријуш Вах.
{loadposition content9}