Бони Тајлер на Евросонг
Познатата поп-пејачка Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на Евровизија, која ќе се одржува од 14 до 18 мај во Малме, Шведска.
Познатата поп-пејачка Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на Евровизија, која ќе се одржува од 14 до 18 мај во Малме, Шведска.
Почестена сум од понудата да ја претставувам мојата земја на Евровизија. Ветувам дека ќе дадам с` од себе за Британија – изјави 61-годишната пејачка, најпозната по хитот Total Eclipse of the Heart од 1983 година.
Тајлер ќе настапи со песната Believe in Me, која ја напишаа американскиот текстописец Дезмон Чајлд и британските текстописци Лорен Kристи и Kристофер Брајд. Чајлд и претходно има соработувано со Тајлер, а автор е и на хитови за Рики Мартин, „Kис“ и „Бон Џови“.
– Бони Тајлер е глобална ѕвезда со фантастичен глас. Одушевени сме што ќе настапува за Британија во Малме – изјави Kети Тејлор, претставник на Би-би-си.
Минатата година британскиот претставник Енгелберт Хампердинк со песната Love Will Set You Free беше претпоследен на евровизискиот натпревар, со само 12 освоени поени.
{loadposition content9}