Само жената може да ги зближи и политичките ривали
8ми Март во опуштена атмосфера ги спои Бакрачески и Петрески.
александар петрески
Неочекувани гости во изборната канцеларија на ВМРО ДПМНЕ . Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од СДСМ, заедно со својот тим, со цвеќе в раце во посета на својот противкандидат.
Целта на посетата им беше на припадничките на понежниот пол од тимот на Никола Бакрачески да им го честитаат денешниот празник, 8ми март.
Домаќините видно изненадени брзо се созедоа и го покажаа своето гостопримство.
Атмосферата која се создаде беше многу пријатна и опуштена па за момент се подзаборави на изборната трка и политичките препукувања.
Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Д-р Никола Бакрачески го поздрави ваквиот гест.
{loadposition content9}