ДОМ ќе ги осветлува патиштата до верските објекти
Поставување на патокази, патеки и осветлување да светите храмови во Охрид, еден од основните приоритети на ДОМ – Партијата на зелените. Од своето 7 годишно постоење овој политички блок за прв пат самостојно настапува на Локалните избори во Македонија.
Партијата на зелените, ДОМ, се претстави во Охрид. Нашето мото „Избери зелено, диши слободно“, има силна порака која со внимание треба секој од нас да ја протолкува, рече носителот на листата на кандидати за советници, Летка Филиповска. Таа се задржа на неколку приоритети, за кои во иднина ќе се залагаат како сериозна партија и секако истата и ќе ја реализираат доколку ја добијат поддршката од граѓаните.
„Прв приоритет е зелени општини за здрав живот, општини по мерка на човекот, со ефикасна заштита на животната средина, зелени градови, образование, култура и примента наука во општините. Втор приоритет, зелена економија со зелени работни места, преку туризам, обновливи е=енергии, енергетска ефикасност и еко-земјоделие, трет приоритет социјална правда и еднакви можности за мажи и жени и четврт приоритет, толеранција, разум и соработка“.
Носителот на листата на ДОМ, нагласи дека посебно ќе се заложат, за посебен третман на светите места во Охрид, со сета потребна инфраструктура и зафати.
„Што се однесува до Охрид, нашиот Балкански Ерусалим приоритет за кој јас како носител на советничката група од ДОМ и секако останатите во овој тим ќе се залагаме за поставување на патокази, патеки и осветлување до секоја црква, манастир и други културни и историски знаменитости, подобрување на туристичката инфраструктура, современи автобуски постојки, Охрид град на паркови и фонтани на повеќе локации во стилот на охридска архитектура и многу други“.
Шефот на изборниот штаб, Драги Танески нагласи дека ќе имат позитивна политичка кампања, без да кажуваат кој што направил или не досега, бидејќи тоа ќе го препуштеле на оценката на народот.
Партијата на зелените ДОМ, прв пат самостојно настапува на Локалните избори. Оваа партија има јасна цел, стремеж кон зелена Македонија, европска Македонија, Македонија наш дом за сите.
{loadposition content9}