Белата куќа смета дека Македонија заслужува членство во НАТО
САД сметаат дека Македонија заслужува членство во НАТО и ќе продолжат да работат за приклучување на земјата во Алијансата, изјави портпаролката на Белата куќа Дејна Перино.
Дејна Перино

„Ние сме разочарани од темпото со кое напредува процесот на зачленување на Македонија во НАТО. Сметаме дека таа го заслужува тоа, и ние ќе продолжиме да работиме на случајот“, кусо прокоментира синоќа портпаролката Перино на прашање од грчки новинар кој имплицираше дека тужбата на Македонија против Грција во Меѓународниот суд на правдата може да го забави процесот на изнаоѓање на решение за спорот за името.

{loadposition content9}