Нова автобуска-приоритет за кандидатот за градоначалник Васил Ристески
Покрај новата автобуска која би се градела на местото на постојната, Ристески доколку ги добие изборите, вети изградба и на современ паркинг и нов пазар во продолжение на автобуската станица.
Независниот кандидат за градоначалник подржан од Социјал-демократската унија, м-р Васил Ристески презентираше уште еден од приоритетните проекти.
Доколку ја добие подршката од граѓаните, Ристески вети нова автобуска станица која би се изградила на местото на старата. Тој рече дека постојното решение повеќе наликува на „паркинг простор“ наместо на автобуска станица.
„Еден од приоритетните проекти според мојата изборна програма е изградба на современа автобуска станица која ќе биде за пример во Македонија. Исто така покрај овој паркинг простор, кој ќе биде современа автобуска, тука е планирано да биде и современо паркиралиште, а веднаш во продолжение да има уште еден градски пазар. Тој градски пазар ќе биде во функција не само на трговците и производителите, туку ќе биде во функција и на дистрибуирање на метежот од центарот, на овој дел на градот, и од друга страна доближување на набавните потреби на другите граѓани кои живеат во овој дел на градот.“-вели м-р Васил Ристески-независен кандидат за градоначалник.
{loadposition content9}