Македонска делегација учествува на Европски банкарски конгрес
Делегација на Министерството за финансии, предводена од министерот Трајко Славески денеска учествува на Европски банкарски конгрес во Франкфурт, Германија.
Трајко Славески

Тема на конгресот се актуелни економски прашања, како што се девизниот режим во светот, политиките во светскиот монетарен поредок, финансиите по кризата и слично.
Конгресот е еден од најпрестижните настани во областа на банкарството, а на него се очекува да говорат гувернерот на Европската централна банка, Жан Клод Трише, германскиот претседател Хорст Келер, претседателот на Европска банка за обнова и развој Томас Мироу, како и голем број истакнати личности во областа на финансиите и банкарството.

{loadposition content9}