Skip to main content

Пановски ги спореди програмите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ,ги потенцираше основните програмски разлики помеѓу програмата на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ.

 |  Маленкова Татјана  | 
OK VMRO DPMNE
ОК ВМРО ДПМНЕ

 

Програмата и презентацијата од СДСМ за локалните избори е иста какви што им беа изминативе 8 години ,закани,лаги, манипулации.Со вицеви и навреди не се води Охрид, обвини денеска кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски. Тој  држејќи ги во едната рака програмата на ВМРО ДПМНЕ, а во другата на СДСМ потенцираше дека треба само да се споредат стратегиите , проектите, роковите, финансиската конструкција на програмата на ВМРО ДПМНЕ и она што е набзрина и несериозно напишано во како што кажа тнр. програма на СДСМ. После 2900 денови на власт во Охрид ,пред граѓаните да излезете со ваква белешка е понижувачки кон Охрид, рече Пановски.

„Прво тнр.програма преставува повторување на досегашните неостварени ветувања без објаснување како Dejan Panovski тие  би се оствариле во иднина и зошто 8 години не ги оствариле во Охрид. Тнр.програмата е тотално дисфункционална со реалноста , без буџет, полна со небулози  и со понудата за истите комунални зафати кои секоја година се нудат во годишните програми на Општината“, истакна кандидат за советник, на ВМРО ДПМНЕ.

Пановски пред новинарите потенцираше и неколку од  основните програмски  разлики. Издвои дека за ВМРО ДПМНЕ туризмот во Охрид подразбира новини за развој и промоција на најразлични видови туризам и изградба на објекти, а за СДСМ рече дека туризмот ќе го развивале како „целосно разбирање на клучните правци за развој на туризмот и туризам во сите негови облици. Тој не пропушти да ги спомене постојано најавуваните а не реализирани 3 катни гаражи,  затворен пазар,базен , автобуска, улици, фонтани.

„Сега е на вас одлуката дали Охрид ќе го оставите во мрачна безидејност и доуништување на иднината или ќе дозволите да почнеме да го враќаме на вистинските патеки. На вас е одлуката дали и во наредните 4 години пак ќе се зборува за незнаење,неодговорност, немање проекти и немање инвестиции во Охрид  или ќе дозволите да развиваме нова фаза за напредок на Охрид. На вас е дали и во наредните 4 години ќе зборуваме пак за приватни интереси во носење ДУПови, за претерана урбанизација ,за интереси со паркинзи ,за непотизми, за  неасфалтирани улици,за непоставени водоводни мрежи, за неосветлени улици,за нереализирани ветувања  или ќе зборуваме за транспарентно, законско, посветено работење и инвестирање во проекти кои ќе носат реални вработувања“,исакна Паноски.

На крајот Пановски потенцираше дека одлуката дали пак ќе зборуваме за наводни блокирања или ќе зборуваме за динамичен развој на Охрид и дали ќе зборуваме за црна иднина на Охрид или за туристички бум и бисерност, останува на граѓаните. Но потенцираше дека Охрид неможе да издржи уште 4 години неработење и инаетење, и дека  во Охрид мора да настапат промени.

{loadposition content9}